AITA/IATA обединува и поврзува аматерски театарски групи, театри во заедницата и организации кои активно работат за театарските аматери како и поединци ширум светот кои сакаат да создаваат театар во своето слбоодно време. Луѓето и организациите со кои соработуваме се ангажирани во театарски активности наменети за деца, млади и возрасни.
AITA/IATA е посветена на уметничките, културните и образовните права на луѓето ширум светот и се залага за сите нив, без оглед на националноста, јазикот, културниот идентитет, способностите, полот, сексуалната ориентација, етничкото потекло или религијата.
AITA/IATA ги поврзува луѓето преку обезбедување на простори за средби, овозможувајќи им да споделуваат знаење и искуства во областа на театарот. Целта е да се продлабочи разбирањето, да се унапреди практиката, да се создадат нови можности и да се зајакне глобалниот сектор на аматерскиот театар.
AITA/IATA се потпира на придонесот на своите членки во однос на настаните што тие ги организираат и ја става на располагање својата мрежа да им помогне на овие иницијативи да станат видливи за целиот свет.
AITA/IATA се стреми кон отвореност и инклузивност.
Театарска Младина на Македонија е членка на AICT/IATC и Национален Центар на Република Северна Македонија од 1999 година.
